По повод 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски - Патронот на
Охрид, Градоначалникот на општина Охрид распишува Награден литературен
конкурс за учениците од охридските основни и средни училишта.
Тема на конкурсот : „ Охрид во чест на Свети Климент“
Право на учество имаат сите ученици од основните и средните училишта
од подрачјето на општина Охрид.
Се доделуваат две награди, една за најдобра литературна творба за
учениците од основните училишта и една за најдобра творба за учениците од
средните училишта.
Вредноста на наградата изнесува 3000 денари.
Конкурсот трае од 05.11.2015 година до 30.11.2015 година.
Творбите, во два примерока, под шифра и во затворен плик да се
доставуваат на адреса : „Димитар Влахов“ бр.57 или лично во архивата на
општина Охрид, со назнака : За Наградниот литературен конкурс за учениците
од основните училишта, односно : За Наградниот литературен конкурс
за учениците од средните училишта.
Авторството се докажува со третиот примерок и со потврда дека е редовен
ученик во едно од основните или средните училишта од подрачјето на општина
Охрид.
Наградите ќе бидат врачени на Свечената академија по повод :
8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски (зимен) - Патронот на
Охрид.
ОПШТИНА ОХРИД
Градоначалник
Никола
Бакрачески
Извор: www.ohrid.gov.mk |