Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА ВТОРИОТ ГЛОБАЛЕН СОСТАНОК НА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА НА ЕЗЕРА
Untitled Document

Официјална делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот , Никола Бакрачески присуствуваше  на вториот глобален состанок на членките на  Европската мрежа  на езера  што денес се одржа  во градот Исео во  Италија.

На работната средба  беше  искажано  заедничкото  задоволство на европските партнери од различни  земји, дека  Европска мрежа ќе овозможи  остварување на поблиска соработка во областа на туризмот, културата, размената на искуства за различни области од секојдневното живење  во европските градови кои имаат  езера. 

Основната цел на Европската мрежа на езера, е партнерското учество во различни европски проекти од различни европски програми. На средбата на официјалните делегации  од различните европски земји, најмногу внимание се посвети токму на  неопходноста од подготовка на заеднички партнерски предлог проекти, при што беа разгледани можностите за аплицирање преку неколку европски програми и можностите за подобрување на соработката и меѓусебната координација.

По глобалниот состанок на членките  на Европската мрежа на езера , официјаните делегации присуствуваа на свеченото отварање на шестото  издание на Фестивалот на езера од Европа.

На свечената церемонија,градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески во име на сите градаоначалници на Европската мрежа на езера ги поздрави присутните, а во своето  обраќање  до бројните гости на фестивалот и медиумите го промовираше Охрид и Охридското Езеро.

Европската мрежа  годинава се прошири со 2 нови членки од Шведска и Финска.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1281  пати
Објавено на: 30.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©