Со промоција на документарниот филм „Танцот на пастрмката“ и изложба на подводна фотографија, што ќе се одржи на 17 јануари во Домот на култура „Григор Прличев“, започнуваат чествувањата за престојниот празник „Богојавление – Водици 2017“.
Главната манифестација ќе се одржи на 19 јануари, каде во 10 часот на Градското пристаниште ќе започне голениот Богојавленски водосвет, а претходно во 07 часот ќе се одржи Утрена богослужба, во 08:30 часот ќе се одржи Света Божествена литургија, а во 09:45 часот поаѓа литиите кон Градското пристаниште. Во 12 часот на „Сараиште“ ќе се одржи групно крштевање, а од 09 до 14 часот, во студентскиот дом „Никола Карев“ ќе одржува крводарителска акција.
На 20 јануари, традиционално на „Сараиште“ ќе се одржи манифестацијата „Денот на рибарите“, каде ќе се подготвува рибна чорба, а присутните ќе ги забавуваа ансамблот „Билјана Јуниор“.
Заинтересираните за скокање по Чесниот крст, можат од денес да се пријават во сите парохиски цркви, каде ќе добијат маички за учество во церемонијата.
Извор: www.ohrid.gov.mk |