Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДРЖАНА ВТОРАТА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА
Untitled Document

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, денеска ја одржа втората работна седница. На седницата претседателот на советот за безбедност, м-р Стефан Димоски поднесе извештај за работата на советот во изминатиот три месечен период. Како што нагласи претседателот Димоски, од јуни оваа година кога и практично отпочна со работа советот за безбедност во нов состав до септември оваа година реализирани се повеќе проекти кои значеа зголемување на степенот на безбедност кон сите учесници во сообраќајот, зголемување на степенот на сообраќајната култура пред се кај младата популација, намалување на бројот на случени сообраќајни незгоди, подобрување на велосипедската инфраструктура на градот и генерално подигунување на севкупната безбедност на сообраќајот за сите категории учесници. Во својот отчет за работата на советот во изминатиот три месечен период, претседателот Димоски кажа дека општинскиот совет за безбедност активно се вклучи во републичките кампањи  „Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“ што  е дел од проектот на Владата на Република Македонија за подобрување на безбедноста на сообраќајот, ја спроведе кампањата „Вози трезен стигни жив“ што се реализира со СВР Охрид и Црвениот крст Охрид. Како што нагласи претседателот Димоски општинскиот совет активно се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност и одбележувањето на 22 септември денот што општина Охрид го прогласи за „Ден без автомобили“, но и одржа средба со претставниците на охридските мото и велосипедски клубови како ранлива категорија учесници во сообраќајот. Во таа насока беа организирани повеќе велосипедски дефилеа низ улиците на градот во кој покрај градоначалникот Бакрачески, учествуваа заменикот градоначалник, Ангел Јанев, членови на советот, на предшколските и школските центри од градот, претставници на институции, невладини организации, на црвениот крст од Охрид, медиуми.


Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на град Охрид и отсекот за превенција при СВР Охрид заеднички го реализираа проектот за оформување на заеднички патроли од полициски службеници, моторциклисти и велосипедисти што се реализира во летниот период. Општинскиот совет за безбедност го организира јавниот настан на кој републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на општина Охрид и донира 16 одбројувачи за семафори. Донацијата на градоначалникот Никола Бакрачески му ја предаде претседателот на републичкиот совет Стојче Стаменковски.


Во текот на јули оваа година општинскиот совет за безбедност го реализира прокетот „Едукативен час со панорамско разгледување“ наменет за децата од детската градинка „Јасна Ристеска“. При тоа со панорамскиот автобус за пеесетина деца од градинката беше организирано панорамско разгледување на градот со цел запознавање на сообраќајната инфраструктура и сообраќајните правила и прописи.  


Според најавите на претседателот на советот активностите на општинскиот совет за безбедност ќе продолжат со несмален интензитет не  само кон учениците туку и кон целните групи пензионери и лица со посебни потреби.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1367  пати
Објавено на: 30.09.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©