Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОДГОВОРИ НА СОВЕТНИЧКИТЕ ПРАШАЊА
Untitled Document

Денешната осма седница на Советот на општина Охрид беше посветена на советничките прашања кои се однесуваа првенствено на финансиската состојба на општина Охрид и информации за начинот за подмирување на долговите. Делот на урбанизмот и комуналниот развој во општина Охрид  беа во доменот на советничките прашања како и капиталните инвестиции кои неопходно му се потребни на градот.

Координаторот на советничката група предводена од СДСМ, Томислав Тунтев се осврна на проблемот со летниот режим на сообраќај, непочитувањето на работното време на угостителите и како прашање го наведе начинот на работа на локалитетот Плаошник.
Градоначалникот Никола Бакрачески  во делот на летниот режим на сообраќај одговори дека досега нема поплаки од граѓаните во стариот дел од градот за наводите што ги изнесе советникот Тунтев, но секако во иднина ќе се води сметка доколку се увидат или до локалната самоуправа пристигнат укажувања за непочитување на режимот и работното време на локалите тогаш соодветно ќе се пристапи.

 

Активностите и фазата до која се стигнати со проектот на Плаошник не е во наша ингеренција. Ингеренциите  припаѓаат на Министерството за транспорт и врски, односно проектот е раководен од Министерството за култура – истакна градоначалникот Бакрачески.

Градоначалникот се заложи, лично да провери за активностите и писмено да биде известен советникот Томислав Тунтев.

Колкав е вкупниот долг на општина Охрид, колку расте долгот по основ на камати и како ќе се сервисира овој долг беа прашањата на координаторот на советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев.

Градоначалникот исцрпно ја образложи финансиската состојба во која се наоѓа општина Охрид,при што истакна дека:

Соочени сме со сериозни финансиски обврски на општината кои достигаат 32 милиони евра долгови кон голем број физички и правни лица, се водат 428 судски спорови за неподмирени обврски и блокирана жиро сметка.

Од она што беше прашано од советниците и одговорено од Градоначалникот може да се издвои следното:
Процесот на легализација добива на динамика, што е битно да се спомене по поставеното прашање „Колку барања за легализација се доставени и колку решенија се изадени“.

Во последните три месеци се издадени 221 решение за легализација, а до крајот на неделава ќе се издадат уште 30 решенија. За споредба во последните три години издадени се само 600 решенија за легализација по поднесени 11 000 барања за легализирање на бесправно изградени објекти – рече Градоначалникот

Локалниот економски развој е битен сегмент за развој на општина Охрид со што би се намалил трендот на иселување на малдите од градот. Токму социо – економската положба е главната причина за заминувањето на младите. Капиталните инвестиции, поддршката на малите и средни претпријатија и мерките за подобар туризам и афирмација на Охрид како поволно место за инветсирање се мерките со кои ќе стимулира вработувањето, ќе се подигне стандардот и ќе се спречи имиграцијата на младиот кадар од Охрид – одговори градоначалникот Бакрачески на прашањето од советникот Стојаноски „Дали општина Охрид ќе донесе конкретни програми со кои би се спречила миграцијата на малдите надвор од градот“

На прашањето што ќе се превземе со  пренатрупаната општинска администрација и кои мерки се  превземаат за нејзино ставање во некои рационални рамки градоначалникот ја истакна фактичката состојба:

Општина Охрид има 265 вработени, во најголем број со статус на државни службеници , затекнати се уште 160 вработени со договори за дело, нема евиденција дека се појавиле на работните места или дека извршувале некакви работни задачи. Веднаш по моето доаѓање се воведе работна дисциплина, реорганизација,  сите вработени добија работни задолженија, се пристапи кон изработка на Протоколи за работа, листа на процеси и алгоритми за извршување.

Состојбата со општинските јавни претпријатија е многу тешка. Преголеми долгови кои блокирани сметки и огромна превработеност во администрацијата, ги намалуваа перформансите на овие субјекти, загрозувајќи го нивното функционирање. Со спроведување на сосем нов концепт за управување, каде што Јавните претпријатија имаат зголемени обврски во својата работа, воведовме нов менаџмент во управувањето и прифаќање на нови форми на дејности кои може да ги извршуваат.  Само за пример МЈП Про-аква должи над 9 милиони евра, ЈП Охридски комуналец должи близу 100 милиони денари долг и хипотека на имот, катасрофална е  состојбата и во Нискоградба, Градски гробишта. Сепак, Општинските Јавни претпријатија почнаа редовно да ги подмируваат обврските кон вработените за плати, да ги подмируваат обврските кон добавувачите и да ја вратат довербата кон граѓаните и кон економските партнери – истакна градоначалникот Бакрачески во своето образложение за прашањата кои се однесуваа на состојбите во јавните претпријатија.

Одговорите на градоначалникот Бакрачески беа навистина целосни и исцрпни за што зборува и податокот дека советниците кои ги поставуваа прашањата изразија задоволство од одговорите или во ретки случаи побараа дообјаснување.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1261  пати
Објавено на: 16.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©