Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАРКАЧЕСКИ ПО ПОВОД 11-ти ОКТОМВРИ - ИНТЕГРАЛНО
Untitled Document

Почитувани учесници во Народноослободителната и антифашистичка војна, дами и господа, нека ни е честит и вековит - 11 Октомври,  денот на востанието на македонскиот народ - празник на Македонскиот слободарски дух и непокор.
Денес, 73 години по започнувањето на четиригодишната народно-ослободителна епопеја на Македонскиот народ во Втората светска војна, живееме во слободна и независна држава, што е остварување на многувековниот сон на Македонецот.


11 Октомври, не преставува само придружување на македонскиот народ на светската антифашистичка коалиција, туку истовремено, неговата големина е во спојување на временскиот континуитет на вековниот сремеж на Македонецот за опстојување на својата територија и приклучување на својот народ и својата држава кон големото Светско семејство на народите.
Затоа и денес 73 години потоа, 11 Октомври останува патоказ за тоа како треба да се сочува и брани нашата самостојност и независност – со храбри одлуки, етички исправни и цивилизациски соодветни на времето во кое живееме.
 


 
Охрид одсекогаш бил дел од историските настани кои ја одредувале иднината на македонскиот народ, испишувајќи ја на таков начин сопствената историја и неспорниот придонес во градењето на европската цивилизација. Во својот повеќе децениски слободарскиот од, градот доживува континуиран национален, социјален и културен развој кои го продолжуваат неговиот сјај на културна и духовна метропола на македонскиот народ и воопшто на Сесловенскиот свет. И покрај сите специфики на времето во кое живееме, сложеноста на состојбите во кои се наоѓаме, градот успева да ја сочува својата одлика-да биде репрезент на целата македонска историја, традиција и култура.
 За многу одлуки во животот потребна е храброст. Но, најголема е храброста да се задржи своето и подготвено и  достоинствено  да се  одговори на предизвициите кои ги носи  иднината. Нам ни е потребна онаква храброст каква што во себе го содржи тој 11 Октомври,  датумот кој го насочи текот на историјата, поставувајЌи ги темелите на  идниот национален развој.


Затоа овие датуми се неизбришливи и инспиративни за генерациите кои доаѓаат. 
Почитувани борци, почитувани присутни, нека ни е честит и долговечен 11 Октомври, симболот на непокорот на македонскиот народ.
Ви благодарам.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1319  пати
Објавено на: 10.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©