Во сите објекти на ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ , од страна на непознати
сторители, продолжува оштетувањето на детските паркови, градините,
оградите, покривите, олуците, надворешните единици од клима уредите,
кршењето на катинари и порти, обиди за влегување во објектите со оштетување
на влезни врати и прозорци од објектите, шетање на домашни миленичиња во
дворовите, како и други оштетувања кои предизвикуваат несогледливи
последици по здравјето и безбедноста на децата .
Токму поради тоа, денеска се одржа работна средба со претставници на
ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ , Секторот за образование при Локалната
самоуправа на и СВР- Охрид.Целта на средбата беше да се искоординираат
следните чекори со цел да се заштити имотот и добрата во детските градинки.
Извор: www.ohrid.gov.mk |