Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
САНИРАН Е МОСТОТ НА УЛИЦА “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО УЗ ВОСКА- ДАЛЈАН
Untitled Document

Во текот на денешниот ден се очекува да завршат градежните активности на ЈП Нискоградба  за  санацијата на мостот на реката “Грашница“ во УЗ Воска -Далјан.
 Проектот го реализираше  ЈП Нискоградба чии техничко -оперативни екипи  максимално ажурно ги извршуваа градежните зафати и покрај лошите временски услови.
Покрај санацијата на мостот на река Грашница  се поставија и бехатон плочки околу мостот   во  должина од 60 метри.
 


Санацијата на овој мост беше дел од годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности во делот на санација на оштетените мостови на територијата на општина Охрид а неговата реализација следеше по   директните средби на градоначалникот Никола Бакрачески  со претставниците на УЗ Воска –Даљан.
Од Секторот за комунални дејности најавуваат дека вакви и слични градежни активности за санација на оштетени мостови на територијата на општина Охрид се предвидени и во  развојната програма 2015- 2017 година.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1353  пати
Објавено на: 16.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©