Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Untitled Document

По повод 8 Септември – Денот на независност на Република Македонија, градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка до граѓаните на Охрид.

- Изминувааат 24 години кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, со прогласувањето на независност на нашата татковина, Република Македонија. Период кој беше исполнет со многу искушенија, тешкотии и закани, но исто така и период во кој недвосмслено ја потврдивме нашата цврста определба да изградиме, демократска и просперитна Македонија. Ден кој не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале и на вечниот стремеж за подобра Македонија. Денес  Република Македонија е етаблирана како стабилна држава, со постојано надградување на демократските капацитети, а уверен сум дека граѓаните на Охрид како столб на македонската историја и култура, ќе го дадат својот несебичен придонес за просперитетна иднина на сите граѓани. Да ни е среќен и вековит празникот  - стои во честитката на градоначалникто Бакрачески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1318  пати
Објавено на: 07.09.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©