Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска имаше работна средба со амбасадорката на Република Македонија во Јапонија, Андријана Цветковиќ. На средбата се разговараше за неколку нови иницијативи за продлабочување на соработката на Охрид, со неколку градови во Јапонија. Стана збор за гостување на познати јапонски уметници на фестивалот „ Охридско лето“ , потпишување меморандум за соработка меѓу Хидробиолошкиот институт и Природниот музеј од Бива , град кој се наоѓа покрај едно од најстарите езера во светот, реализацијата на проектот за ревитализација на колекторскиот систем кој се имплементира со помош на Јапонската агенција за меѓународна соработка JICA и отворање на нови можности за привлекување инвестиции, особено во областа на туризмот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |