Јавното Претпријатие “Охридски Комуналец“ ги повикува Советите на станбените згради да се состанат и да одредат локации за поставување на контејнери за отпад. Истите не треба да зафаќаат делови од сообраќајните патни површини, односно да не го попречуваат патниот сообраќај.
Претседателите односно членовите на Советите, предлозите треба да ги достават до ЈП “Комуналец“ или на телефонскиот број 046 263-325, најдоцна три дена по објавување на огласот.
Од претпријатието потсетуваат за почитување на Законот за јавна чистота, затоа што во спротивно за несовесните граѓани ќе следат санкции согласно Законот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |