Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИЗВОНРЕДНА ПРОМОЦИЈА НА ОХРИД ВО СТРАЗБУРГ
Untitled Document

Во организација на Постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа во Стразбур, заедно со Општината Охрид беше претставено  културното наследство на градот Охрид. Презентацијата се одржа  во Фоајето на Комитетот на министрите на Советот на Европа во Палатата на Европа, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

На презентацијата свое обраќање имаше и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, кој пред присутните кажа дека Охрид е град во кој е впиена културата на цивилизациите кои го изградиле денешното човештво и дека во Охрид на едно место стои наследството од праисторијата и наколните живеалишта, па до денешните дни.

Ова е прво поедничено претставување на еден македонски град во Советот на Европа и една од ретките културни манифестации кои биле организирани од страна на нашата земја во најстарата паневропска организација во која Македонија членува од 1995 година.
На дипломатскиот кор од 47 земји членки, како и земјите обсерватори на Советот на Европа им беа претставени постери и фотографии од еден од најубавите градови во Европа и светот, заштитен како дел од светското култруно наследство на УНЕСКО.

На присутните, меѓу кои беа скоро и сите вработени од нашата земја во Советот на Европа, како и пријатели на Македонија од Стразбур, најпрво им се обрати амбасадарот на Република Македонија при Советот на Европа Петар Поп Арсов.

- Оваа промоција на градот Охрид го нема само значењето за промоција на градот, културата и наследството на самиот град, туку таа има севкупно значење за Република Македонија. Овде во СЕ пред 47 земји членки. Македонија покажува дека е дел од европското семејство. Сите промоции кои се организираат овде во СЕ се потврда на тоа, рече амбасадарот Петар Поп Арсов.

Во името на Советот на Европа се обрати  генералната директорка на Дирекцијата за Демократија на Советот Снежана Самарџиќ-Марковиќ, која посебно инсистираше на значењето на ваквото претставување на културното и историското наследство на земјите членки на Советот на Европа.

- Нас во Советот на Европа, Охриди ни е исклучително добар пример како да се помири наследството и урбанизацијата, бидејќи тоа понекогаш претставува конфикт. Охриди е пример дека развојот не го погоди толку многу самиот град и неговата убавина. Ние следиме што се случува и Охрид е меѓу нашите најважни точки не само поради природата и убавината, туку и поради тоа што тој често е доаќин на наши конференции. За нас е многу важно што Охрид дојде, а за мене лично тоа е добра пример од Македонија“, вели генералната директорка на Дирекцијата за демокрарија на Советот Снежана Самарџиќ-Марковиќ

На крајот со својот град лично бројните гости на презенатцијата ги запозна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

Ова е сепак наше прво искуство со кое ние сакаме да почнеме една нова стратегија во промотивните и маркетиншките активности за градот Охрид пред се во културата и природното наследство за кое Охрид обилува. Нас ни требаат вакви промотивни активности. Уште мината година си поставивме задача Охрид да го претставиме во европските институции. Ова во претставување во Стразбур е првата етапа од тоа претставување, рече градоначалникот Бакрачески.

По краткото претставување, присутните можеа да се насладуваат на охридските кулинарски специјалитети залеани со македонски вина и ракија, донесени спецјално од Македонија, а на трпезата се најде и охридска риба.

Извор: www.ohrid.gov.mk и МИА

Прочитано:  1305  пати
Објавено на: 11.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©