Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека на ден 21.02.2014 год. во 11.00 часот во Големата сала на Општина Охрид ќе се одржи Презентација на Предлог – Детален урбанистички план за Урбана заедница 1 блок 1.2 и блок 1.4 и Урбана заедница 3 дел од блок 3.4, општина Охрид предлог план 2009-2014, со тех. бр.11/03 од декември 2013 год. изработен од ДПУП „ПОЛОГПРОЕКТ -ПРО“ доо Гостивар.
Планскиот опфат за ДУП за УЗ 1 блок 1.2 и блок 1.4 и УЗ 3 дел од блок 3.4 Општина Охрид е со површина од 42,76 ха и е дефиниран во следните граници:
Ул."Илинденска", ул."Кирил и Методиј", ул."Абас Емин", бул."Туристичка", ул."Пирин планина", ул."Васил Стефоски", река Грашница и Охридско Езеро.
Доставено до:
Урбана заедница 1 "Стар град", претседател Александар Довлев
Ул."Климентов универзитет" бр.83, Охрид
Урбана заедница 3 "Кошишта", претседател Ангеле Буџакоски
Ул."Гоце Делчев" бр.170, Охрид
Јавни медиуми – телевизија
Веб – страницата на општина Охрид
Архива
Градоначалник
Никола Бакрачески
Извор: www.ohrid.gov.mk |