Во рамки на денешната обиколка на делови во градот каде што се изведуваат градежни работи, градоначалникот Никола Бакрачески го посети просторот во Спортско рекреативниот Центар “Билјанини Извори“ каде што во тек се градежните активности за оформување на помошно фудбалско игралиште со вештачка трева. Проектот го реализираат општинските јавни претпријатија по налог на Локалната самоуправа и во соработка Фудбалската федерација на Македонија.
Подготовката на земјиштето е во тек, просторот се расчистува и тампонира, по што ќе се пристапи кон нивелирање и поставување на вештачката трева. Реализацијата на овој проект е многу значаен за натамошните активности на ЈП "Биљанини извори" во насока на привлекување на спортски екипи во подготвителниот период. Условите кои сега се создаваат ќе придонесат за подобрување на перформансите на спортскиот центар и обезбедување на современи услови за тренинг на фудбалските екипи кои ќе го користат. Со реализација на овој проект Охрид ќе биде еден од ретките градови во државава кој ќе има игралиште за фудбал со вештачка трева, според сите стандарди за тренирање без разлика на атмосферските влијанија.
Денешната обиколка,градоначалникот Никола Бакрачески ја заокружи со посета на пешачката патека, во непосредна близина на хотелот Максимиум во близина на градскиот кеј, која за еден ден беше уредена од страна на ЈП “Градски гробишта“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |