Во рамки на проектот за Безбедни училишта кој се реализира во соработка
со СВР Охрид - Отсек за превенција и одделението за образование при
локалната самоуправа, денес во 19 часот во просториите на ОСУ „Св. Климент Охридски“, ќе се
изведе претставата „Зависници“ во изведба на учениците од истоименото училиште, под менторство на стручниот
соработник Марија Чанова.
Претставата се реализира и во рамки на проектот „Образованието и полицијата
против дрогата во заедницата„ кој исто така се реализира во соработка помеѓу
овие институции и средните училишта во општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |