Претседателот на Советот на општина Охрид Гордана Коњановска, во рамките
на одбележувањето на 7 ноември- Денот на ослободувањето на Охрид
имеше празнична средба со делегација на Сојузот на борците од
Народно- осолободителната антифашистичка војна на Македонија.
На сребата на која присуствуваше и пратеникот Александар Николоски,
претседателот на Сојузот на борците од НОАВМ Гоце Георгиевски, се
заблагодари за поддршката од општина Охрид и заедничкото одбележување
на значајни јубилеи од настани во Народно- ослободителната антифашистичка
војна во Македонија.Заеднички беше констатирано дека соработката
ќе се интензивира и дека општина Охрид, во рамките на можностите ќе
прави напори да поддржува некои од проектите на Сојузот на борците
од НОАВМ.
Извор: www.ohrid.gov.mk |