Утре со почеток во 11 часот во Градскиот парк во Охрид Локалната
самоуправа ќе го одбележи 21 јуни Денот на Охридското
Езеро.
Во рамки на настанот предвидена е презентација на нуркачка опрема, опрема за
спасување на води и планини, а ќе биде поставена и изложба на фотографии со
мотиви од Охрид и охридскиот регион.
Случувањето ќе биде завршено со културно- уметничка програма и свечен
завет за зачувување на Охридското Езеро.
Извор: www.ohrid.gov.mk |