Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ОПШТИНА ОХРИД СЕ ОДРЖА СРЕДБА СО РАБОТОДАВАЧИ И НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА
Untitled Document

Во зградата на Општина Охрид, денес се одржа форум со работодавачи  и  млади невработени лица. 
Целта на работната средба беше зголемување на информираноста на работодавачите за активните програми и мерки за вработување, дијагностицирање на бариерите со кои се соочуваат  во креирање на работни места и јакнење на социјалниот дијалог помеѓу работодавачите, единиците на локалната самоуправа и државните институции на локално и национално ниво.

На одржаниот Форум со работодавачи  стана збор и за работата на институциите и можностите за нивно подобрување, мерките кои би ја намалиле нелојалната конкуренција и сивата економија  а се даваа  предлози за подобрување и олеснување на работењето на работодавачите.
Меѓу другото  на средбата се разговараше за новите законски можности  и  олеснување при вработување на младите лица и корисници на социјална парична помош.
Присутните на настанот ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев а организатор на случувањето беше Агенцијата за вработување.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 24.04.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©