Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10,51/11,123/12 и 93/13),Општина Охрид, на ден 26.02.2015г. донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ ДУП за УЗ 16, дел од УБ 16.3 опфат-2, КО Велестово и КО Охрид 4, Општина Охрид за плански период 2014-2019 год. кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
- Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ ДУП за УЗ 16, дел од УБ 16.3 опфат- 2, КО Велестово и КО Охрид 4,Општина Охрид се определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
- За планскиот документ ДУП за УЗ 16, дел од УБ 16.3 опфат 2 КО Велестово, и КО Охрид 4,Општина Охрид, за чија изработка е одговорна Општина Охрид, а го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
- Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(реката Рача ,Билјанините извори, почвата, флората, фауната, ендемичните видови во рамките на Националниот парк Галичица и Студенчишкото блато).
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса: www.ohrid.gov.mk
- Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната .
Извор: www.ohrid.gov.mk |