Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД ДЕНОНОЌНО РАБОТИ НА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ИСКЛУЧЕНАТА СТРУЈА ВО ОУ “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“
Untitled Document

Локалната самоуправа со несмален интензитет  многу посветено и макотрпно продолжува да  работи на  решавање   на проблемот со исклучената струја во Основното училиште “Григор Прличев “ , и очекува многу наскоро   надминување  на истиот  .   По вчерашното  детално елаборирање   за проблемот од страна на градоначалникот Никола Бакрачески  кој објасни дека истиот  е резултат  на застарени обврски    и игнорантскиот однос  на  поранешното локално раководство    кон  долгогодишниот  имотно- правен  спор со кој  се соочува ОУ  “Григор Прличев“ поради што   за енормно висок износ е блокирана неговата  сметка , денес секретарот   Димитар Спасески објасни дека Локалната самоуправа  во моментов  работи на два акциони планови  за  од блокирање на сметката, по што без никаков проблем би се исплатиле обврските кои училиштето  ги има кон   ЕВН Македонија. 

- Во текот на вчерашниот ден до доцните  вечерни часови траеја преговорите со адвокатскиот тим на сопствениците кои што имаат направено блокада на сметката околу можноста барем за  нејзино времено од блокирање . Средствата кои треба да бидат трансферирани до ОУ “Григор Прличев“ се обезбедени во рамки на буџетот. Значи  во овој случај не се работи за  проблем настанат поради  немање на средства туку се работи за процедурален проблем кој треба да го надминеме. Доколку не успее овој начин  размислуваме за друга опција, секако согласно законската регулатива . Ќе ја  разгледаме и можност ,дали би можеле ние   за друг правен субјект  во случајов за ОУ “Григор Прличев“ како  негови  основачи , директно да ги испорачаме обврските  кон операторите: ЕВН,Телеком и сите останати субјекти на кои училиштето им должи  со цел наставата да продолжи да се реализира во светли и топли простории, потенцира секретарот Спасески .

Во текот на вчерашниот ден   за проблемот заседаваше и училишниот одбор на ОУ “Григор Прличев“ .  Радува фактот што   апсолутна е поддршката од родителите  и од наставничкиот кадар во изнаоѓање на решение на истиот . Наставната  програма до скорото решавање на проблемот  ќе се  реализира онака  како  што ќе наложат  временските прилики а изгубените часови со заложба и ангажман на наставниот кадар ќе бидат навремено  надополнети. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1317  пати
Објавено на: 13.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©