ЈП Билјанини Извори - Охрид, ги известува граѓаните дека во летниот
период (месеците јуни, јули и август) со почеток од 01.06.2016 година ќе
изврши промена на цените за користење на паркинг простор во зона А и зона Б,
со кои стопанисува ЈП.Билјанини Извори - Охрид. Измената на цените се изврши
со дадена одлука од Советот на Општина Охрид со број 08-6405/4, врз основа
на донесена одлука на Управен одбор на Билјанини Извори - Охрид со
бр.02-481/2 од 04.05.2013 год. за летен режим на сообраќај во централното
градско подрачје . Цените во зона А за физичко лице изнесуваат 40 денари за
час, додека во зона Б цената за физичко лице за секој час паркирање изнесува
30 денари.
Извор: www.ohrid.gov.mk |