Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ПОДИГА НЕЛЕГАЛНО ПОСТАВЕНАТА УРБАНА ОПРЕМА
Untitled Document

Локалниот инспекторат  од  денес  со поголем интензитет ја продолжува акцијата на подигање на нелегално поставената урбана опрема   на физички и правни лица  на јавни површини.  Се подигаат масите и столиците за кои сопствениците  не добиле одобрение за поставување и не ги почитувале пропишаните правила и  дополнителниот рок-  15 април до кога истите до Општината можеа да  поднесат барање за поставување опрема.
Надлежната инспекција утрово интервенира на еден угостителски објект во центарот на градот, а интервенцијата е како последица на тоа што од нивна страна во дадениот рок не беа уплатени средствата кои согласно договорот требаа да ги уплатат.
 
Штом извршат уплата, повторно ќе им биде овозможено да ги постават масите и столовите, во рамки на она што е предвидено со програмата и договорот кој го постигнале со Локалната самоуправа.
 
Ја потсетуваме јавноста дека  Општина Охрид  најтранспарентно на својот веб портал www.ohrid.gov.mk има објавено УПАТСТВО каде во детали е појаснето и објаснето која е процедуратаза добивање одобрение за поставување на урбана опрема.
 
УПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА 
УРБАНА ОПРЕМА ЗА 2014 ГОДИНА – ЗА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ
 
http://ohrid.gov.mk/pdf/Odobrenie%20za%20urbana%20oprema.pdf 
 
Со оглед дека одлуките на Советот на општина Охрид , и упатството се објавени уште во месец март, а истото е преобјавено во јавните медиуми во Охрид, цениме дека сите интересенти за поставување на урбана опрема имаа доволно време да постапат според законот и да ги измират  своите обврски.
 
Општина Охрид повторно потсетува дека службите на градот, мора и секогаш ќе работат согласно законот, без толеранција на било какви неправилности
 
Ваквата засилена акција на подигање урбана опрема следи по опомените на инспекциските служби  до  сопствениците на кафулињата и рестораните кои останале рамнодушни на истите иако урбаната опрема ја поставиле  нелегално.  Акцијата продолжува и во наредниве денови.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1324  пати
Објавено на: 10.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©