Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД ПРВА ВОВЕДУВА НАЈСОВРЕМЕН ИНФОРМАЦИОНЕН СИСТЕМ
Untitled Document

Во насока на  подобрување на ефикасноста во работењето на  општина Охрид,   по претходни подготовки, денес  започнаа активности за   имплементацијата  на најсовремен, интегриран општински информационен   систем. Со ова Охрид е прва и во овој момент единствена општина на државно ниво што го реализира овој најнов проект од  информатичката сфера. По претходно распишан тендер изработувач на истиот  е  информатичко софтверската фирма “Ентер“ од Охрид. 

Со воведување на овој  најсовремен софтверски  систем  во работењето, се овозможува подобрување на перформансите на секој вработен и зголемена  ефикасност на општинската администрацијата  како и  квалитет и брзина  при  услужување  на граѓаните. Со новото софтверско работење ќе  се обезбедува целосна контрола  заштита   и увид во сите  фази при обработка  на предметите од  урбаната, даночна,  финансиска  и другите сфери од работењето на администрацијата..   

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1231  пати
Објавено на: 14.03.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©