Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НАСКОРО КОНЕЧНА РАЗВРСКА НА ПРОБЛЕМОТ СО ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ВО ОУ “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“
Untitled Document

Можно е уште во текот на овој ден , да има конечна разврска и надминување на проблемот со струја во основното училиште “Григор Прличев“, најави денес охридскиот градоначалник Никола Бакрачески кој потенцира дека  Локалната власт  е во постојани преговори   со доверителите кои ја имаат блокирано сметката на Основното училиште „ Григор Прличев“ по што  веднаш потоа ќе биде платен долгот кон ЕВН и училиштето ќе добие електрична енергија.


-       Денеска претпладне имавме  работни средби и состаноци  со доверителите, со нив  работни состаноци имаме и во текот на попладнево. Ги разгледуваме сите можни модели кои се во склад со законските прописи со цел  да најдеме што побрзо решение на проблемот . По денешните попладневни преговори можно  е  да имаме  и конечна разврска и решавање на проблемот со електричната енергија  во ОУ “Гигор  Прличев“, рече денес градоначалникот Никола Бакрачески.


 Игнорантскиот однос на минатата локална гарнитура кон  долгогодишниот нерешен имотно правен спор  со кој се соочува ОУ “Григор Прличев“ поради што е  блокирана  сметката  за  8. 762.437 00 денари е основната причина за исклучување на струјата во ова охридско училиште. Значи  во овој случај не се работи за  проблем настанат поради  немање на средства туку се работи за процедурален проблем  кој се случил поради кабадахиското владеење на претходната локална власт со што истата  си поиграла   со судбината на нашите деца.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1318  пати
Објавено на: 14.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©