Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА ДОБИВАЊЕ СУБВЕНЦИИ НА ДЕЛ ОД УПЛАТЕНАТА ТАКСА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ТУРИСТИ ВО НИВНИТЕ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ
Untitled Document

Во согласност со Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој е предвидено субвенционирање на дел од уплатената такса за привремен престој на домашните и странските туристи, за физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во општина Охрид.

Целта на оваа активност е  поттикнување на физичките лица запишани во регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во oпштина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП и ќе се избегне  нејзиното прикривање.

Висината на Субвенцијата ќе изнесува 50% од уплатената такса за примвремен престој по основ на вкупниот број на остварени ноќевања за периодот од 01.01 – 30.06 и 01.07- 31.12.

Правилникот и барањето за субвенционирање на туристичката такса може да ги превземете на следните линкови:

Барањата за субвенционирање треба да се достават во Секторот за ТЛЕР, најдоцна 30 дена од предвидениот рок за субвенционирање.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1370  пати
Објавено на: 25.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©