Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески учествува на меѓународната
конференција за градоначалници посветена на бегалската криза, што
вчера и денес се одржува во Виена,Австрија.
На дводневната работна средба најбројни се градоначалниците од
земјите погодени од кризата со бегалците, а учествуваат и
експерти, претставници од невладиниот сектор и бегалци. Се очекува да се
понудат мерки, конзистентни политики и решенија кои ќе бидат спроведливи во
земјите погодени од бегалската криза. Заклучоците засновани на
начелата на демократијата и човечките права ќе бидат адресирани на
национално и интернационално ниво.
На конференција чиј покровител е „Кахане“ фондацијата од
Австрија, учествуваат градоначалници, заменици градоначалници и претставници
на локални самоуправи од повеќе европски и азиски земји.
Извор: www.ohrid.gov.mk |