Секторот за туризам и локален економски развој денеска одржа работен состанок со претставници на големите туроператори „Фибула“ и „Туи“ со цел да се изнајдат решенија за проблемите кои се евидентирани на терен од страна на нивните сервиси и служби.
Имајки во предвид дека овие две агенции се најинволвирани во реализацијата на аранжманите на холандските гости во Охрид, нивните забелешки и проблеми со кои се соочуваат, мора да се решаваат брзо и ефикасно во интерес на идниот туристички развој на Охрид.
Во таа насока на состанокот присуствуваа претставници на најзначајните локални и државни институции: Општинскиот инспекторат, туристичките инспектори, Министерството за внатрешни работи СВР Охрид, пазарниот инспекторат, се со цел поефикасна контрола на дивите агенции, дивите превозници, дивите организатори на разни екскурзии и тури, нерегистрираните даватели на услуги во туризмот и други чинители.
На состанокот е договорена точна методологија и координација на заеднички контроли и други активности на терен помеѓу сите надлежни институции, при што ваквите акции се веќе започнати и ќе се одвиваат континуирано во текот на летната туристичка сезона.
Извор: www.ohrid.gov.mk |