Екипите на Јавното претпријатие „Ниско Градба“, денеска на терен, во стариот дел на градот ги обновуваа оштетените скалила кај црквата „Св. Богородица - Челница“. Со акцијата за обновување беа опфатени и околните патеки, на кои старите и оштетени камени коцки се заменуваа со нови и се поставува патека од травентин. Вакви акции за просторно уредување во стариот дел на градот ќе следуваат и во иднина.
Извор: www.ohrid.gov.mk |