Во рамките на наставата по предметот „ Општество“ , денеска ученици од
трето и четврто одделение од ОУ „ Христо Узунов“ ја посетија Општина Охрид.
Дечињата имаа средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев, а посетија и
неколку сектори и одделенија на локалната администрација.
Учеиците од ОУ „ Христо Узунов“ се интересираа кои се органите на Локалната
самоупрва и кои се нивните обврски, како се планираат и реализираат
проектите во многу области и каква е соработката со централната власт и
нејзините институции.
Извор: www.ohrid.gov.mk |