Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ДО СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ СВ.САВА
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка до припадниците на српската заедница во Охрид по повод одбележувањето на Свети Сава, националниот празник на Србите.

- Ми причинува особено задоволство во името на граѓаните на општината и во мое лично име, по  повод празникот Свети Сава, да упатам искрени честитки до српската заедница од Охрид. Воедно на нашите сограѓани од српска националност им посакувам многу здравје, среќа, просперитет, благосостојба и духовен мир.

Меѓусебното разбирање и почитување на традиционалните и културните вредности, се надевам дека и натаму ќе бидат темел за нашиот соживот, а српската заедница, како и досега,  ќе дава важен придонес во јакнењето на општеството и просперитетот на Охрид - се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески до српската заедница по повод одбележувањето  на националниот празник Свети Сава.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1237  пати
Објавено на: 27.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©