Денеска во општинската зграда се одржа втората работилница за едукација за изработка и менаџирање на проекти на која присуствуваа вработените од општинската администрација и јавните претпријатија. Пред присутните беа презентирани основите за аплицирање, имплементација и финансико работење на проекти од европските фондови.
Пристапот до европските фондови и искористувањето на средствата од нив претставуваат голема придобивка за граѓаните и општеството во целина. Токму од овие причини во управувањето со ЕУ,во фондовите мора да се следат строги финансиски, контролни и ревизорски процедури кои произлегуваат од позитивните законски норми на Унијата.
Целта на ваквите работилници е во согласност со настојувањата на општина Охрид, инволвираните чинители да се оспособат за изработка на проекти и аплицирање до различните фондови за обезбедување финансиски средства.
Останатите работилници ќе се реализираат во соработка со Агенцијата за вработување од Охрид и ќе се однесуваат на невработени лица.
Извор: www.ohrid.gov.mk |