Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СПОРТСКАТА ПОНУДА ВО ОХРИД ЗБОГАТЕНА СО НОВИ ИГРАЛИШТА
Untitled Document

Со пригодна свеченост, денес, во СРЦ „Билјанини извори“ беа ставени во употреба трите нови тениски терени и едно повеќенаменско спортско игралиште.  Изградбата на игралиштата е финансирана од буџетот на Владата на Република Македонија, а се реализираа преку Агенцијата за млади и спорт и општина Охрид.

-          Спортски клубови и спортски работници на Охрид, радувајте се бидејќи е во полн ек спортско издигнување на градот Охрид. Оваа слика која што ја имаме во изминатите една до две години е нешто што ги исполнува нашите срца, срцата на охирѓани и на сите оние кои го сакаат спортот. Успеавме да ги вратиме и младите и децата, но и повозрасните на овие спортски терени и тоа е нешто што ќе не радува во иднина и создава солидна основа за развој на спортот во Охрид, за достигнување на врвни резултати и секако за промоција на Охрид и преку развој на спортот, истакна градоначалникот Никола Бакрачески, кој додаде дека ова е време на најголеми инвестиции во спортот во Охрид кој што никој неможе да го демантира. Денес, присуствуваме на отворањето на три тениски игралишта кои што се изградени според сите стандарди на Интернационалната тениска асоцијација, на едноповеќенаменско спортско игралиште, меѓутоа како што и сами гледате во полн ек е изградбата на затворениот пливачки базен кој што ќе го реинкарнира пливањето и ватерполот во Охрид. Цврсто сум убеден, дека ќе започне реконструкцијата на отворениот пливачки базен, а во овој момент привршуваат постапките за издавање на одобрение за градба на уште две повеќенаменски спортски игралишта, од кои едното во кругот на ОУ „Братство Единство“, а другото во дворот на средното економско училиште. Привршуваат постапките на урбанистичка документација за изградба на мала сала на во Видобишта. Исто така  во тек е тендерот за избирање на најповолен понудувач за изградба на уште еден спортски балон во населба Воска, за кој што сум цврсто уверен дека до крајот на оваа година ќе биде реализиран.

 

Покрај овие инвестиции, како што рече градоначалникот Бакрачески, Охрид постојано инвестира во изградба и реконструкција на маалски игралишта и детски игралишта кои што заживуваат малскиот спорт.

-          Во изминатите неколку години Агенцијата за млади и спорт изгради преку 230 игралишта низ целата држава за што инвестираше повеќе од 43 милиони евра. Ако до пред десетина години општа констатација беше дека македонскиот спорт, македонските спортисти, но и македонските граѓани кои што сакаат рекреативно да спортуваат се соочуваат со навистина сериозен недостаток на спортски објекти, денеска, после повеќегодишна, континуирана градежна офанзива во делот на подобрување на спортската инфраструктура навистина видно е променета спортската инфраструктура во Македонија. Од сите овие проекти не беше изоставена општина Охрид, бидејќи само во изминативе неколку години имаме реализирано и инвестирано преку 40 милиони денари за изградба на спортската сала во Велгошти, заедно со Локалната самоуправа и Фудбалската федерација на Македонија поставиве вештачка трева на едно од игралиштата токму овде, а денес сме сведоци дека СРЦ „Билјанини Извори“ е збогатен со неколку нови спортски содржини, тениски терени и повеќенаменско игралиште, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој додаде дека по завршувањето на тендерската постапка инвестирањето во спортската инфраструктура во Охрид ќе продолжи со реализација на неколку терени за стрит баскет, спортска сала и неколку повеќенаменски спортски игралишта.

Во моментов Агенцијата за млади и спорт, ја реализира и новата инвестиција, а тоа е изградбата на фитнес зона која што ќе биде лоцирана покрај патеката која се протега од каналот Студенчишта до хотел Парк, а исто така со несмален интезитет се работи и на најголемата инвестиција која што агенцијата ја реализира  во Охрид, а тоа е затворениот спортски базен.

-          Во изминатите три години, во СРЦ „Билјанини извори“ се инвестирани стотици илјади евра, средства кои се обезбедија со поддршка на општина Охрид и Владата на Република Македонија и денес сите сме сведоци на тоа како изгледа овој спортски комплекс, кој денес конечно доби содржини кои се посакуваа со години. Благодарение на субвенциите кои Локалната самоуправа ги дава, овие терени се постојано полни, и оние за фудбал и тие во спортската сала, каде спортските школи и клубови од речиси сите спортови тренираат во нашите објекти, истакна директорот на СРЦ „Билјанини извори“, Ристе Мишев.

Со реализацијата на овие терени во СРЦ „Билјанини извори“ се добива една целина која што на охриѓани, но и на гостите ќе им овозможи една комплетна понуда.

Извор: www.ohrid.gov.mkp>

Прочитано:  1419  пати
Објавено на: 15.09.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©