Во црквата „ Св. Никола- Геракомија“ , денеска со верска цеременија, беше извршено примопредавање на Светиот крст меѓу ланските и годинашните кумови на големото црковно- народно чествување на „ Богојавление- Водици„ . Кумови за 2015 година се познатиот балкански музички уметник Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески. Тие го презедоа кумството од старите кумови, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и бизнисменот Сашо Симески.
-Им го честитам кумството на Жељко и Зоран и им посакувам се најдобро во оваа година, Господ да го благослови ова нивно кумство, да им даде многу позитивна енергија, здравје и среќа во нивните семејства, а секако им посакувам овие позитивни етички вредности да ги споделуваат со семсјтвото, со нивните пријатели и со нашите православни народи.-изјави стариот кум на „ Водици“„ градоначалникот Никола Бакрачески.
Балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, кој заедно со Зоран Милески се новите годинешни кумови за „ Богојавление- Водици“ рече дека му претставува чест и прилика во наредните денови да биде во Охрид на толку голем христијански празник и им се заблагодарувам на претходните кумови, неговиот голем пријател Никола Бакрачески и Зоран Милевски, неговиот, како што рече, пријател и брат.
-Многу ми се допадна празнувањето на „ Водици“ во Охрид минатата година. Седевме со градоначалникот Никола Бакрачески и зборувавме како целата манифестација овде се одбележува на многу убав начин. Се надевам дека од оваа година ќе прерасне во меѓународна и што повеќе луѓе ќе видат како овој народ овде ги негува хрисијанските вредности. По оваа света литургија денеска, секако дека се повеќе се чувствувам како охриѓанец,
рече Јоксимовиќ.
-На сите верници од православна вероисповед им го честитам празникот и им покасувам многу здравје и среќа, ним и на нивните семјства. Му благодарувам на градоначалникот Никола Бакрачески што ни го предаде Светиот крст нам како кумови. Голема е честа што станавме кумови на овој голем христијаански празник- рече новиот кум Зоран Милески.
Претседателот на Здружението „ Богојавление“ Љупчо Арнаудов рече дека ја исполнуваат нивната големата цел, Охрид за „Водици„ да стане балкански центар на православието. Додаде дека ветиле дека за кум ќе донесат балканска ѕвезда и тоа го оствариле.
Одбележувањето на „ Водици“ вечерва, продолжува на градскиот плоштад со концерт на македонската поп дива Каролина Гочева. Утревечер, во рамките на петдневното празнување на „Богојавление- Водици“ , во „ Куќата на Уранија“ со почеток во 19 часот, на претседателот на Меѓународниот ПЕН, канадскиот писател и есеист Џон Ралстон Сол ќе му биде врачена Светската награда за хуманизам.
Извор: www.ohrid.gov.mk |