Продолжува акцијата на пополнување на ударните дупки низ охридските улици. Денес ќе се пополнуваат дупките низ улиците во населба Воска и на кеј “Маршал Тито“.
Во рамки на проектот за пополнување на ударните дупки досега е поставен асфалт на површина од 450 метри квадратни. Акцијата за пополнување на ударните дупки Секторот за комунални дејности ,сообраќај и улици при попштина Охрид ја започна пред околу 10 дена . Најпрво се санираат дупките низ централните градски улици, “Партизанска“ и “Димитар Влахов“, по што следеше санација на оштетените делови на “7 –ми Ноември “,“Бекир али Риза “ и други неколку улици. Во акцијата бехатон плочките се отстрануваат а на нивно место се става асфалт. Со проектот кој продолжува и наредниов период е предвидено асфалтен материјал да се стави на површина од околу 1 500 квадрати.
Извор: www.ohrid.gov.mk |