Денови пред учениците од прво до петто одделение во основните училишта “Живко Чинго“ во Велгошти и “Ванчо Николески“ во с. Лескоец, беше презентирана Единицата за противпожарна заштита од Охрид.
Охридските пожарникари ја презентираа својата работа, своето искуство а ги запознаваа децата и со начините на реагирање доколку се случи пожар во нивна близина. На средбата беше разговарано за опасностите од предизвикување пожар, како и за тоа што треба, а што не треба да се прави во случај на негово избивање. Децата беа информирани за телефонскиот број кој треба да го повикаат во случај на пожар и беа опоменати да не го злоупотребуваат истиот.
Учениците, ги погледнаа сите алати и целата опрема што ја има во пожарникарското возило , а исто така поставуваа и прашања на кои пожарникарите им даваа одговори.
Извор: www.ohrid.gov.mk |