Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕКОЈ ВТОРНИК ВО НЕДЕЛАТА ПОСВЕТЕН НА ПРОБЛЕМИТЕ ОД УРБАНИСТИЧКАТА СФЕРА
Untitled Document

Со цел подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните во делот на урбанистичката сфера, Локалната самоуправа, односно службите на Секторот за урбанизам, секој вторник, почнувајќи од 5 ноември, во Големата сала на општина Охрид, ќе организираат средби со граѓаните кои имаат потреба од стручно мислење или решавање на предмети во управна постапка од делот на урбанизам.

Изменетиот начин на решавање на потребите и проблемите на граѓаните од сферата на урбанизмот, ќе значи целодневен прием на странки од страна на целата администрација во Секторот за урбанизам (урбанисти, правници итн.), кои заедно ќе ги разгледуваат и ќе носат одлуки за секој урбанистички предмет пооделно. Лицата кои имаат потреба од консултации, стручно мислење, појаснување или забелешка по одделен предмет, потребно е со себе да ја понесат и целокупната документација која ја поседуваат.

Граѓаните, овој на чин на директна комуникација со стручните служби ќе можат да го направат секој вторник во периодот од 09 до 15 часот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1244  пати
Објавено на: 28.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©