Екипи на ЈП „Нискоградба“ , денеска со бројни активности на терен. На
улиците „Никола Петров Русински“ , „Васил Главинов“ и „Питу Гули“, се вршеше
санација на раскопаните површини кои беа раскопани поради дефекти на
водоводната линија. Во населба „Лескајца“ се оградуваше, обележуваше и
бетонираше новото повеќенаменско игралиште со што го доби својот конечен
изглед. Кај ресторанот „Котва“ се работеше на обележување на паркинг
просторот. На улицата „Железничка“ се вршеше приклучување на фекалната
канализација, а на улиците „Аџи Мустафа“ , „Коста Абраш“ , „АСНОМ“ и
„Абаз Емин“ се изврши машинско чистење на фекалната канализација. Рачно
чистење на атмосферската канализација се спроведе на улиците „Коста Абраш“,
„АСНОМ“ и населбата „Рача“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |