Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УРБАНИЗАЦИЈАТА ВО ОХРИД Е ВО СКЛАД СО ЗАКОНСКИТЕ РЕГУЛАТИВИ И ПРОПИСИ
Untitled Document

 -За сите урбанистички планови  кои што се носат на ниво на општина Охрид  има еден  законски утврден тек односно регулатива. Донесувањата на Урбанистичките планови  се во склад со важечките  Закони  за просторно планирање и  градење  кои што ние  имаме обврска да ги почитуваме а кои што опфаќаат многу фази до нивното донесување во кои се вклучуваат голем број на институции  во Република Македонија кои што даваат согласност, одговори  градоначалникот Никола Бакрачески на новинарско прашање по   денешните  обвинувања на опозиционите советници  во градскиот Совет   за наводната   несразмерна урбанизација на Охрид.

- Наша обврска е да ги почитуваме принципите  и  правилата на игра, да ги почитуваме законските прописи и регулативи. Се она што се носи како Урбанистичко решение во општина Охрид ја следи постапката односно законската регулатива.  Јас не знам од каде е тој впечаток  на опозиционите советници  дека во општина Охрид прекумерно или неадекватно се урбанизира. Тоа не е процес  што може да се одвива зад затворени врати или  кој што може тајно да се договара. Станува збор за   транспарентен процес во кој што се вклучени и граѓаните преку јавни расправи и анкети, преку комисиите кои се надлежни  или овластени да прават записници  на јавните анкети и тоа е  процес во кој се инволвирани многубројни институции во Република Македонија.  Тоа е една отворена и транспарентна постапка која што може да биде на увид  на сите граѓани на Р. Македонија , подвлече градоначалникот Никола Бакрачески , кој со факти ги отфрли шпекулациите на опозиционите советници дека   модерната пешачка патека кај каналот Студенчишта  битно ќе влијае на  уништување на Студенчишкото блато.

-За која патека обвинуваат советниците ? Сите знаеме дека  на тој простор од многу одамна постои  пешачка патека. Правиме реконструкција на патеката од Студенчишко блато кон некогашниот хотел   Парк,     која што веќе година и пол ја најавуваме.  Станува збор за проект на кој работевме во сите негови фази и сега дојдовме до негово  реализирање со почеток на градежните работи . Станува збор за  најмодерната пешачка патека или променада  во Охрид.  Ве уверувам дека  по реализацијата на овој проект  со него  ќе се гордеат не само охриѓани  туку и  сите граѓани на Р. Македонија и сите гости кои што ќе се движат по  таа патека. Се работи за пешачка зона која што  ќе биде со широчина од 12 метри, која што ќе има две пешачки патеки . На средишниот дел оваа зона   хоти културно  ќе биде уредена, со најсовремено осветлување  со патека за велосипеди  и  патека за ролери. Ве уверувам дека таа пешачка зона ќе биде гордост за охриѓани , истакна

Градоначалникот  Бакрачески објаснувајќи дека  со  Урбанистичкиот план, Св. Стефан –Горица-  Метропол предвидено  е реконструкција на постоечки хотелски комплекси со што се потврдуваат  урбанистичките приоритетите  на општина Охрид а тоа е  градење на хотелски комплекси , угостителско туристички комплекси . Тие  ќе овозможат локален економски раст и развој на Охрид, брз развој на туризмот и  креирање на нови работни места.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1383  пати
Објавено на: 13.03.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©