Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УЛОГАТА НА ОПШТИНАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕТО НА МЕЃУЕТНИЧКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
Untitled Document

На работилницата на која учествуваа претставници на Oдделението за образование на Локалната самоуправа и основните и средните училишта од Охрид, тимот на УСАИД, предводен од координаторот Тула Тахири, ги презентираше  новините од проектот за меѓуетничка интеграција во образованието.


Општина Охрид, како една од десетте општини во кои се имплементира проектот има прецизно утврдени обврски, како што се учество на обуки и работни состаноци, следење на изработените акциони планови, координирање и поддршка на  училиштата, како и анализа на преземените активности.

На работилницата стана збор за досегашните резултати од спроведувањето на активностите во училиштата, за воннаставните активности со партнер училишта,примена на успешни практики и за наредните активности. Како пример за успешна реализација на проектот беше посочено модел- училиштето „ Братство- Единство“ .

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1331  пати
Објавено на: 30.03.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©