Реализацијата на серија стручни обуки за невработени лица,
кои одделението за ЛЕР при општина Охрид ги предвиде во Годишната програма
за 2015 година како “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на
пазарот на труд” е во тек.
По објавувањето на конкурсот се изврши селекција на кандидатите и се
пристапи кон спроведувањето бесплатни курсеви од стручните профили
заварувачи, готвачи, шивачи и машинисти-фини - подесувачи на машини.
Обуките за готвачи се одржуваат два пати во неделата во просториите на
Факултетот за туризам и угостителство под менторство на професори – лидери
во едукацијата од областа на угостителството, со што секако неспорно ќе се
подобри профилот на работниот кадар, ќе се збогати искуството и
професионалните вештини.
Обуките за останатите профили се одржуваат три пати во неделата и ги вршат
стручни лица во просториите на ОЈУ „Кузман Шапкарев“.
Општина Охрид во континуитет ќе продолжи со обуките за преквалификација и
доквалификација во соработка со соодветни институции и работодавачи, со цел
стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица евидентирани
како невработени во Агенцијата за вработување кои активно бараат работа.
Извор: www.ohrid.gov.mk |