Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЗА МОДЕРЕН ГРАДСКИ ПАЗАР
Untitled Document

Јавното Претпријатие  Градски Пазар денес го распиша тендерот за избор на најповолна понуда за градба на новиот објект на пазарот преку јавно - приватно партнерство.
Според тоа што стои во документацијата на повикот, а која пак произлегува од изготвената физибилити студија, објектот кој треба да се гради е со бруто површина од 6  779 метри квадратни , на три нивоа приземје  и  два ката .Предвиден е и подземен` паркинг  со  150  паркинг места .

Според физибилити  студијата,  постои економска оправданост од проектот само ако Општината добие 1 230 метри квадратни зелен пазар и тоа на приземјето, кој треба да е опремен со 192 тезги по хасап стандардите, што е обврска на инвеститорот. На приземјето 341, 5 метри квадратни се предвидени за  деловен простор.

Вториот кат  ќе биде во сопственост на приватниот инвеститор.

На третиот кат  Општина Охрид   треба да добие 713 метри квадратни и од тука почнува наддавањето односно  кој ќе даде најдобра понуда  тој ќе биде избран на тендерот.
Приватниот партнер  е обврзан да ги реконструира фасадата и кровот  на постојниот објект на ЈП  Градски Пазар.  Предвидено е да се реконструира и објектот   за продажба на јајца и млечни производи. Тој ќе ја задржи истата висина а ќе има приземје и кат.  
Приватниот партнер ќе биде обврзан за период од шест месеци  да обезбеди  плати и придонеси за сите 31 вработен во ЈП Градски Пазар.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1277  пати
Објавено на: 04.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©