Со
официјалното завршување на зимскиот режим на сообраќај, Ј.П.Охридски
Комуналец пристапи кон темелно расчистување на магистралните сообраќајници
„Железничка„ и „15-ти Корпус„, кои во текот на зимскиот период беа одржувани
од страна на „Македонија пат„. Коловозот и околниот простор детално се
расчистуваат од абразивните средства, што ќе овозможи понатамашно полесно
одржување на овие сообраќајници, вклучувајќи и машинско чистење.
Извор: www.ohrid.gov.mk |