Во хотелот „ Белведере“ , утре (13 февруари) со почеток во 10 часот ќе се одржи презентација на остварените резултати на општина Охрид во проектот „СУСТКУЛТ - Достигнување одржливост преку интегрирано управување со местата на културно наследство “, кој е во завршна фаза на имплементација, а е финансиран од програма за Југоисточна Европа на Европска Унија . Проектот го имплементира Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, заедно со уште 12 институции од Романија, Унгарија, Албанија, Грција и Словенија, а носител е градот Венеција од Италија .
Презентацијата ќе се однесува на главните активности и реазултати од проектот, како што се креираната и објавена ВЕБ- ГИС платформа , методологијата за планови за управување со културно наследство, тренинг обуки за подигнување на човечки капацитети во делот на планови за управување со културно наследство како и изработка на план за управување на општина Охрид во делот на светското културно и природно наследство и изработка на Бизнис план и маркетинг стратегија за управување со локалитетот „ Заливот на коските“ .
На презентацијата ќе бидат присутни и 20 претставници од сите земји партнери на проектот , со кои воедно ќе биде одржан дводневен состанок за финализирање на активностите што ќе се одржи на 13 и 14 Фебруари 2014 г.
Извор: www.ohrid.gov.mk |