На денешната седница на Советот на општина Охрид, градоначалникот Бакрачески ја повлече Предлог одлуката за донесување на Годишната програма за поставување на урбана опрема.
До мене, како градоначалник на општина Охрид во текот на претходните неколку дена пристигнуваа бројни сугестии и мислења од грѓани во врска со планското уредување на Општината. Поради специфичоста на самиот град Охрид, како туристички центар, заедно со стручните служби на локалната самоуправа ќе ги разгледаме предлозите, а подоцна некои од нив ќе бидат инкорпорирани во самата Програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид – истакна Градоначалникот.
По предлог на градоначалникот Бакрачески на Дневен ред на денешната седница се најде Предлог одлуката за прием во сопственост на движна ствар – новопроизведен нископоден двокатен автобус од отворен тип.
Со оваа одлука од Министерството за транспорт и врски општина Охрид добива нов панорамски автобус со 60 места за седење и 20 места за стоење.
Автобусот е и со електрична погонувана рампа за инвалиди што претставува и доследна примена на законските обврски со кои се обезбедува пристапност за лицата со инвалидитет до сите објекти.
Извор: www.ohrid.gov.mk |