Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ОДРЖА ЧЕТИРИЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА НА ГРАДСКИОТ СОВЕТ
Untitled Document

Денешната седница започна доста мирно, со усвојување на повеќе предлог одлуки за инфраструктурни зафати на поширокото подрачје на општина Охрид и одлуки кои се однесуваа на субвенции за комунални трошоци и отштета за земјоделците погодени од невремето.

Едногласно поминаа и точките од дневниот ред, кои се однесуваа на промена на летниот режим на сообраќај, општинскиот линиски превоз и продолженото работно време за угостителските објекти. Бурен тек седница доби на десеттата точка од дневниот ред, која се однесуваше на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија. Советниците од СДСМ по неколку дискусии од говорницата, ја напуштија седницата, неучествувајќи понатака во работата на советот. Оваа точка беше усвоена со 12 гласа, два советници беа против, а двајца гласаа воздржано.

Останитите точки од дневниот ред кои се однесуваа на одлуки за легализација на бесправно изградени објекти, беа усвоени без поголема дискусија и со мнозинство гласови.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1323  пати
Објавено на: 11.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©