Денеска во протоколарна средба, градоначалникот Никола Бакрачески, го прими вршителот на должноста амбасодор на Катар во нашава земја, неговата екселенција Мохамед Рашид Х. Субах. На едночасовната средба, амбасадорот Мохамед Рашид Субах, го запозна градоначалникот Бакрачески, за сериозните намери на Катарските инвеститори за нивно доаѓање на Охридското крајбрежје. Од своја стран,а градоначалникот Бакрачески ја истакна подготвеноста на локалната самоуправа да излезе во пресрет на потенцијалните катарски инвеститори со целосна логистичка и законска поддршка на нивните проекти. Неговата екселенција Рашид Субах, истакна дека катарските инвестици пред се се планирани во областа на хотелиерството и здравствениот туризам.
На барање на амбасадорот Мохамед Рашид Субах, стручни служби на Општина Охрид му овозможија разглед на Охридското крајбрежје и посочување на соодветни локации за потенцијалните катарски инвестиции.
Извор: www.ohrid.gov.mk |