По извонредниот настап на младите оратори од охридските основни училишта кои учествуваат на „Ораторските средби“ кои, по повод 155 годишнината од наградувањето на поемата „Сердарот“ , ги организира Одделението за култура при општина Охрид, ја „принудија“ жири-комисијата , во која се : Славка Јанеска, професор по македонски јазик и литература, Смиле Наумоски, член на Клубот на писатели од Охрид и Ѓорѓи Ризески, писател и режисер, да направат мали измени во пропозициите и наместо, планираните двајца, да изберат тројца учесници во финалниот натпревар.
За охридскиот „ Лавров венец“ кој ќе го врачи градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески, ќе се натпреваруваат учениците Tеодора Николоска од ОУ „Христо Узунов“ , Сара Паункоска од ОУ„Григор Прличев“ и Арифа Малоска од ОУ „Братство-Единство“.
Финалниот натпревар ќе се одржи на 25-ти март – на денот кога пред 155 години, во конкуренција на најславните грчки поети, на Атинскиот конкурс за најдобра поема, Прличев ја освои првата награда.
Извор: www.ohrid.gov.mk |