Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНУВА СЕЛЕКЦИЈАТА НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА СПОРТСКИТЕ ПАРАЛЕЛКИ - СПОРТСКИ ТАЛЕНТИ
Untitled Document

Спортската академија по трет пат започнува потрага по спортски таленти во Република Македонија, коишто ќе бидат дел од спортските паралелки во фудбал, ракомет, кошарка и тенис во учебната 2014/2015 година, кои освен во Скопје, ќе бидат распределени и во неколку други градови:
 
 
1.Велес (Гимназија Коцо Рацин) - паралелки по ракомет и фудбал
2.Гостивар (СОУ Гостивар) - паралелки по ракомет и фудбал
3.Охрид  (ОУТУ Ванчо Питошески) - паралелки по ракомет и фудбал
4.Штип  (СОУ Коле Нехтенин) - паралелка по фудбал
5.Прилеп (СОУ  Мирче Ацев) - паралелки по ракомет и фудбал
6.Струмица (СОУ Никола Карев) - паралелки по кошарка и фудбал
7.Битола (ОСЗУ Кузман Шапкарев) - паралелки по ракомет и фудбал
 
Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.
 
Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг.
За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик, физиотерапевт, како и меѓународни тренери.
 
Кандидатите за упис во прва година, ќе бидат селектирани од стручна комисија.
 
Селекцијата ќе се врши по региони низ цела територија на Република Македонија и ќе се одвива во три фази:
- Скаутирање од стручни лица
- Селекција од стручен тим
- Последна фаза, тестирање на психофизичките способности од страна на стручна комисија
 
На учениците кои ќе бидат примени, а не се од градот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување, храна и превоз до училиштето и до спортските терени.
 
Листата на локации и датуми на кои ќе се врши првичната селекција како и листата на одговорни контакт лица за секој спорт од конкретната Федерација е следната :
 

За спортските паралелки по фудбал (Фудбалска федерација на Македонија)

Охрид (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Струга, Дебар и Кичево)
Датум: 16.04.2014 (среда)
Место: Стадион Билјанини извори
Почеток: 11.00 часот 
Собир и евидентирање: 10.00 часот – пријавување кај регионалниот координатор Данчо Целески 070/ 212 822
 
 За спортските паралелки по ракомет ( Ракометна федерација на Македонија)

Охрид (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Тетово и Кичево)
Датум: 28.04.2014 (понеделник)
Место: ОУТУ Ванчо Питошески
Време: 15:00 – 18:00 
 
 Контакт за дополнителни информации: Силвана Карбеска 078/276-003 skarbeska@macedoniahandball.com.mk
 
 За спортската паралелка по тенис ( Македонска тениска федерација )
 
Битола (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Ресен, Вевчани, Дебар, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Струга)
Датум: 08.05.2014 (четврток)
Место: ТК Битола – Битола, Цане Василев 2/22, Битола
Време: 10.30 часот
 
 
Втор Избор – Сите кандидати од прв избор
Датум: 23.05.2014 (петок)
Место: ТК Југ – Скопје, Градски Парк ББ, Скопје
Време: 10.00 часот
 
Контакт за дополнителни информации: Слободан Бачварски 075/430 407; nacionalnateniskaakademija@yahoo.com
 
 
За спортските паралелки по кошарка* ( Македонска кошаркарска федерација)
 
Битола (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Прилеп, Ресен, Охрид, Струга, Крушево, Македонски брод, Демир Хисар)
Датум: 22.04.2014 (вторник)
Место: Спортска сала Младост
Почеток: 16:00 часот 
 
 
 
*Сите заинтересирани кандидати треба да приложат  потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина или да приложат индивидуална лиценца за регистрација за клуб во МКФ за сезона 2013/2014.
 
Контакт за дополнителни информации: office@basketball.org.mk
 
За сите спортови, контакт лица од Министерството за образование и наука  се:
Васка Стоицова 076/445-332
Пенка Мантова Здравковска 076/485-054
 
 
Секој кандидат е должен пристигне и да го потврди своето присуство на местото каде што ќе се одвива селекцијата најмалку 30 мин пред почетокот на истата.
 
Сите кандидати/ученици, за сите спортови , кои ќе ја поминат првата фаза на селекција ќе бидат информирани за терминот за следната фаза на селекција.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1328  пати
Објавено на: 03.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©