Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД ВО ПОСЕТА НА ПТУЈ, Р. СЛОВЕНИЈА
Untitled Document

Делегација на Општина Охрид, на покана на збратимениот град Птуј, Р. Словенија, присуствуваше на прославата по повод осамостојувањето на Р. Словенија и реализацијата на проектот Европа за граѓаните која се одржуваше од 21 – 24 јуни на Птуј.

 По тој повод, делегацијата на општина Охрид составена од советниците Сашо Донев и Коста Трифуноски од името на градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески на градоначалникот на Општина Птуј,  Стефан Челан, му подарија слика со мотив на Охрид и воедно му беа пренесени најискрени честитки по повод националниот празник на Р. Словенија.

 Во рамките на богатата програма беа одржани низа манифестации и активности во кои нашите претставници зедоа активно учество.

Се одржа и традиционалната „Трка на градовите“ , во која учество зедоа и претставници на атлетскиот клуб Охрид од Охрид, каде во конкуренција од 13 екипи, нашите млади атлетичари го освоија солидното осмо место.

Посебна атракција на трката на градовите претставуваше учеството на младиот атлетичар Климент Лазарески (14) од атлетскиот клуб Охрид од Охрид, на кого како на најмлад учесник на трката, од страна на градоначалникот на Општина Птуј, му беа врачени пригодни подароци меѓу кои официалниот грб на Птуј, изработен од кристал, кој што се доделува само на најуспешните младинци во разни области.

 На посебен штанд беше представена туристичката понуда на град Охрид.

По завршувањето на свечаната церемонија, советниците имаа можност да се остварат средби со заменик градоначалникот на градот Ст. Сур Лорет, г. Франсин Ле Мари и заменик градоначалникот на градот Бургхаузен Р. Германија, господин Герхард Хубер. Во неформалниот разговор, делегациите на Франција и Германија искажаа посебен интерес за градот Охрид и неговата туристичка понуда.

 Беше разговарано и за продлабочување на соработката и интензивирање на контактите помеѓу градовите.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1246  пати
Објавено на: 25.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©