Градоначалникот Никола Бакрачески и израелскиот амбасадор Дан Оријан, синоќа присуствуваа на претставата “Мојот клас“ - мултимедијален перфоманс на израелскиот ансамбл Кармелим. Низ музиката и танцот на младата актерска екипа, беше претставен начинот на живот на младите израелци и нивниот стремеж за соживот, толеранција и мир. Кармелим е основана пред 30 години, и оттогаш до денес е активна. Се состои од 25 до 30 млади луѓе, на возраст од 15 до 18 години, од кои повеќето се студенти во Лео Баек (Leo Baeck), средно училиште во Хаифа, како и други училишта во градот. Уште од самото основање, групата имаше цел да ja поврзе јавноста со животот во Израел, како и поблиску да се претстави историјата и тековните достигнувања преку уметничка слика.
По завршувањето на претставата, Бакрачески во Куќата на Уранија ја отвори изложбата, “Филигранска приказна“ на Мирјана Николовска.
- Уникатните дела на Николовска,покрај својата уметничка вредност во кои се препознаваа македонското културно поднебје и културно наследство, значајни се бидејќи ги красат кабинетите на градоначалниците на Њујорк, Ерусалим, Дубровник, Фиренца и многу други градови, што претставуваа најубава промоција на Охрид – истакна во своето обраќање Бакрачески.
Сите филигрански дела се изработени од компресирана хартија со срмен конец во златна и сребрена варијанта, украсени со циркони и оригинални охридски бисери. Извор: www.ohrid.gov.mk |